Дома Фудбал Останато Анри врти нов лист, самостојно во нов тренерски предизвик…

Анри врти нов лист, самостојно во нов тренерски предизвик…

Тиери Анри судејќи по пишувањата во француските медиуми, наскоро би требало да биде именуван за нов тренер на Бордо.

Легендарниот француски фудбалер одлучи да сврти нов лист и да започне самостојна тренерска кариера, а првиот сериозен предизвик ќе го има на клупата на Бордо со чии челници постигна договор.

Според преговорите, Анри имал неколку барања, меѓу кои и гаранција дека клубот финансиски ќе ги поддржи неговите трансфери, а францускиот прволигаш тоа го прифатил. Французите пишуваат дека договорот е постигнат, и дека наскоро официјално ќе се случи неговото потпишување.

Бордо на тој начин со експресна брзина пронајде нов тренер откако го сменија Густаво Појет.

Анри претходно беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија, и работеше како помошник на селекторот Роберто Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…