Дома Фудбал Англичаните најавија заминување на Гвардиола од Сити. Еве кога треба да го напушти клубот

Англичаните најавија заминување на Гвардиола од Сити. Еве кога треба да го напушти клубот

ПЕП ГВАРДИОЛА го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот во седум години и четврта по ред. Набргу по прославата тој најави дека нема долго да остане во клубот чиј тим го презеде во 2016 година и со кој освои вкупно 17 трофеи.

„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и сега чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но во текот на сезоната ќе разговараме. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе биде понатаму“, рече Гвардиола.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Челниците на клубот се надеваат дека тој ќе остане
Дејли Мејл открива кога треба да се случи заминувањето на Гвардиола. Шпанецот е под договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, а тоа би требало да биде крај на неговата тренерска кариера на „Етихад“. Челниците на клубот се надеваат на поинаков расплет од приказната, но истовремено стравуваат дека ќе дојде до прекин на соработката.

Гвардиола го предводеше Сити на 472 натпревари. Постигна рекорд од 349 победи, 57 нерешени и 66 порази и освои се што беше можно со клубот. Шест пати беше шампион во Премиер лигата, а во сезоната 2022/23 на клубот му го донесе и првиот трофеј во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба е скршен: Мртов сум, не постојам! 🎥

Славниот Пол Погба ја шокираше јавноста со своето излагање пред ТВ камерите. Францускиот г…