Дома Најава Анализа и предлог типови: „Турскиот марш нема да помине во Белград“

Анализа и предлог типови: „Турскиот марш нема да помине во Белград“

0

Во третото квалификациско коло за ЛЕ се сретнуваат српскиот освојувач на Купот и турскиот претставник Малатијаспор. Натпреварот е закажан за вечер од 21:00.

Партизан: Црно-белите се одлично, но ова е првиот вистински испит!

Оддамна Партизан нема започнато толку добро, кога се во прашање официјалните натпревари. Изигра четири дуели по два во Европа и во домашното првенство и се реши во своја корист со гол разлика од 9-0. Ако погледнеме подлабоко ќе забележиме дека ривалите не се кој знае колку добри, но како и да е Партизан ги исполнува целите. Со освојувањето на купот, Партизан беше привилегиран да го прескокне првото коло. Што се однесува до комплетноста на тимот, Партизан нема да има проблеми околу тоа.

Малатијаспор: Дебитанти во Европа, но исклучително опасен ривал

Овој турски тим беше хит на минатогодишното првенство во својата земја. Едно време беа и втори на табелата, но навлегоа во криза која ги спушти неколку позиции надолу. И покрај тоа тие завршија пред Фенербахче и во својата историја прв пат стигнаа до европските квалификации. Малатија го продаде најдобриот играч од минатата сезона, а тоа е Србинот Даниел Алексиќ кој е голема надеж на српскиот фудбал. Малатија во претходното коло против Олимпија Љубљана беа доста офанзивни, меѓутоа во Белград тешко дека ќе можат со истата тактика.

Наш предлог

Предност на Партизан може да биде тоа што имаат повеќе официјални натпревари зад себе, бидејќи турското првенство се уште не е започната. Освен тоа, трибините ќе бидат полни, а тоа има големо значење за домаќините. Прв предлог е 1 со коефициент 2.15 во Bet365, а похрабрите ги советуваме да испробаат со Х-1 со квота 4.50 во истата обложувалница.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Анализа и предлог типови: Манчестер Сити – Тотенхем

Веќе во второто коло од Премиер лига не очекува големо дерби каде што силата ќе ја измерат…