Славниот Холанѓанец Руд ван Нистелрој не знае дали и во иднина ќе остане во Манчестер Јунајтед, но со заминувањето на Ерик тен Хаг го водеше тимот на натпреварот од Карабао Лига Купот против Лестер и победи со високи 5:2.
Легендарниот стрелец на „Црвените ѓаволи“ и на холандската репрезентација за прв пат сам го водеше тимот како привремен менаџер, откако неговиот сонародник доби отказ во понеделникот.
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Како играч, Ван Нистелрој помина пет години во Јунајтед (2001-2006) во периодот кога славниот клуб под водство на Алекс Фергусон доминираше во англискиот фудбал. Минатото лето тој ја прифати поканата на Tен Хаг да се приклучи на стручниот штаб.
„Кога прифатив да бидам помошник на Ерик, тоа беше затоа што верувам дека Манчестер Јунајтед може да се врати на нивото што го знаев овде како играч. Сè уште го имам тоа верување, но ќе биде потребно време и многу труд. Го видовме потенцијалот на тимот на моменти оваа сезона, но очигледно не доволно често“, изјави Ван Нистелрој во пресрет на мечот со Лестер.
Тој исто така верува дека „Црвените ѓаволи“ можат повторно да бидат незапирливи кога играчите, клупскиот персонал и навивачите ќе се обединат.
Нејасно е дали ќе остане во клубот кога ќе пристигне Рубен Аморим.
Дури и на привремена основа, за мене е голема чест да го водам клубот што го сакам онолку долго колку што тоа од мене се бара“, беше одговорот на поранешниот напаѓач.