Токму во моментите кога Вардар денес ја одржуваше прес-конференцијата пред натпреварот против Нексе кој требаше да се игра во недела пристигнаа информации за одложувањето на натпреварите против Нексе во СЕХА и Пик Сегед во Лигата на шампионите.
Бидејќи се откажани натпреварите Вардар ќе ги следи чекорите како и останатите клубови и ќе ги распушти ракометарите најмалку во наредните 4-5 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„До денес се подготвувавме за натпреварот во недела. За нас ова е хендикеп, во овој момент сме подобар тим од Нексе и во недела очекувавме да го потврдиме пласманот на Ф4 во СЕХА. Сепак, мораме да ги почитуваме насоките кои ги дава државата. И во Европа во овие моменти практика е играчите да бдат распуштени 4-5 дена. Веројатно и ние ќе се одлучиме на таков потег. Нашите тренинзи со 80% сигурност ќе бидат одложен. Искрено, јас лично сум изненаден и не знам што се случува“, изјави Алушовски.