Дома Останати Тенис Алкараз го освои Индијан Велс, но Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата

Алкараз го освои Индијан Велс, но Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 417-та недела на врвот на АТП-листата, со што продолжи да го подобрува сопствениот рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ е на првото место на АТП листата со 9.725 поени и 920 повеќе од Алкараз кој собра 8.805 поени. Шпанскиот тенисер ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го совлада Русинот Данило Медведев со 7:6 (7:5), 6:1.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го задржа третото место на АТП листата со 8.310 бодови, додека Медведев е четврти со 7.765 бодови.

Германецот Александар Зверев напредуваше за едно место и сега е петти тенисер во светот, а зад него се Русинот Андреј Рубљев, Данецот Холгер Руне, Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач и Австралиецот Алекс де Минор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка објави фотографии во провокативен костим и ги воодушеви фановите (Фото)

Најдобрата тенисерка на светот, Арјна Сабаленка, објави фотографии од снимањето за списани…