Дома Фудбал Италија Алегри: Јувентус не е послаб од Милан и Интер

Алегри: Јувентус не е послаб од Милан и Интер

Јувентус оваа сезона заврши на 4-то место на тебалата со големо заостанување од миланските гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан и Интер до крај се бореа за Скудетото, а Алегри тврди дека не се супериорни во однос на неговиот тим.

Тој истакна дека следната сезона Јувентус сигурно ќе се бори за Скидетото.

„Милан, Интер и Наполи завршија пред нас, но не се супериорни во однос на Јувентус. Сметам дека нашиот тим е на нивото на Милан и Интер, но оваа сезона не бевме константни“, изјави Алегри.

„Не започнавме добро, а најголем проблем беше што бевме слаби во меѓусебните дуели, па ја загубивме самодовербата. Во летниот преоден рок не е потребна реконструкција, само две-три засилувања и следната сезона ќе се бориме за Скудетото“, додаде трофејниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Талески: Подготвени сме за предизвикот кој нè очекува во ЛШ!

Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од …