Дома Фудбал Јувентус му го направи на Алегри тоа што им се случило само на двајца тренери во 50 години

Јувентус му го направи на Алегри тоа што им се случило само на двајца тренери во 50 години

Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри (56) е само третиот тренер кој во текот на сезоната добил отказ од Јувентус во последните 50 години, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус го отпушти Алегри во петокот, само два дена по освојувањето на Купот на Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во официјалното соопштение, „Старата дама“ од Торино како причина за одлуката го наведе „непримерното однесување“ на 56-годишниот тренер за време и по финалниот натпревар против Аталанта.

Алегри на тој начин стана само третиот тренер кој доби отказ од Јувентус пред крајот на сезоната во последните 50 години. Истата судбина ја доживеа и Клаудио Раниери, кој беше отпуштен во мај 2009 година, на две кола пред крајот на сезоната, поради лошите резултати.

Него го наследи Чиро Ферара, но и тој доби отказ пред крајот на сезоната. Тој беше сменет во јануари 2010 година.

Интересно, последен пат Алегри доби отказ од торинската „Старата дама“ исто така на 17 мај 2019 година.

Тој се врати во летото 2021 година и во вкупно осум сезони освои пет титули во Серија А, пет титули во Купот на Италија и два трофеи во Суперкупот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…