Дома Фудбал Италија Алегри очекувано на врвот, ова се најплатените тренери во Италија

Алегри очекувано на врвот, ова се најплатените тренери во Италија

0
alegri

Oвој викенд започнува новата сезона во италијанската Серија А во која тимот на Јувентус кој владее во последните седум години ќе ја брани титулата.

Кристиано Роналдо е убедливо најплатен помеѓу фудбалерите со годишна плата од 30 милиони евра по сезона, а каква е ситуацијата кај тренерите.

Очекувано, човекот кој ќе го тренира Роналдо, Масимилијано Алегри е најплатен со 7.5 милиони евра по сезона.

Зад Алегри следи Анчелоти од Наполи со шест милиони евра, а првата „тројка“ ја затвара Лучијано Спалети од Интер со плата од 4.5 милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


На четвртата позиција е Еусебио Ди Франческо (Рома) со три милиони евра, на петото Валтер Мацари (Торино) 2.2 милиони евра, па Гатузо (Милан) со два милиони евра по сезона и Симоне Инзаги (Лацио) 1.2 милиони евра по сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спалети го објасни бизарното исклучување во финишот (ВИДЕО)

Tимот на Интер во вчерашниот натпревар против Сампдорија успеа да стигне до важни три бода…