Дома Фудбал Италија Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

0

Кристијано Роналдо е максимално опуштен и обвинението за силување не влијае на неговите настапи на теренот, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Португалецот е сконцентриран за претстојните натпревари на Јувентус и не се плаши од барањето на полицијата во Лас Вегас за приложување на ДНК примерок во врска со истрагата во САД, по тврдењата на Американката Кетрин Мајорга дека Роналдо ја силувал во 2009-та година.

„Случајот на Роналдо е личен и не е поврзан со фудбалот. На тренинзите го гледам целосно опуштен и сконцентриран“, изјави Алегри.

Јувентус во престојните денови го очекуваат два многу важни меча, најпрво со Болоња во Купот, а потоа мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал ги претстави гостинските дресови – фановите воодушевени

Арсенал денес и официјално ги претстави гостинските дресови за новата сезона, кои се израб…