Еден од најголемите трансфери во лето беше дело на Реал Мадрид, кога за 100 милиони фунти го доведе Еден Азар од Челзи.
Белгиецот пристигна како големо засилување и конечно решение за позицијата која ја покриваше Кристиано Роналдо. Меѓутоа, ако се суди по натпреварите во подготвителниот период не го положи испитот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Имено, шпанските медиуми тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има сомнеж околу најскапото засилување за тимот ова лето.
Перез не е задоволен бидејќи Азар пристигна на подготовки со дури 8 килограми повеќе. Наводно пред управниот одбор изјавил дека не очекува Белгиецот да има добра сезона, и дека го донесол по барање на Зидан, а тоа не била негова желба.
Нема дилеми дека Азар ќе треба добро да се потруди за да ги задоволи барањата на претседателот, но и на навивачите на „кралскиот“ клуб.
"Florentino Perez is saying within the club that Hazard is a 'Zidane' signing. The president never showed much confidence in the player." ??⚽️https://t.co/DODgfKOSI3
— SBS – The World Game (@TheWorldGame) July 30, 2019