Дома Топ вести Ако не потпише за Барса, Меси добива 100 милиони на рака!

Ако не потпише за Барса, Меси добива 100 милиони на рака!

Лионел Меси и Барселона сеуште не постигнале договор за продолжување на соработиката, а со оглед на фактот што неговиот договор истекува во 2018 година веќе почнаа шпекулации околу неговата иднина.

Меси во договорот има откупна клаузула од 250 милиони евра, а Манчестер Сити е спремен да ја плати, па тоа е главна тема во медиумите веќе неколку дена.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Сега се појавија нови информации на оваа тема, ги пренесува весникот „Ел Мундо“ кој тврди дека Меси ќе добие 100 милиони евра на рака доколку не потпише нов договор со Барселона, а притоа ќе добие огромна плата во склоп со договорот со новиот клуб.

Позади сето ова стои токму Манчестер Сити кој на сите можни начини се обидува да го убеди Меси да се пресели на „Етихад“.

Аргентинецот во неколку наврати истакна дека не сака да ја напушти Барса, но сега е во игра огромна сума на пари, па останува да видиме дали Сити ќе успее да го реализира трансферот на векот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Албанија може да биде казнета: УЕФА отвори истрага!

Поради однесувањето на навивачите пред, во текот и по натпреварот против Италија, УЕФА отв…