Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев самостојно ги продаде правата на „Спортклуб“

Академија Пандев самостојно ги продаде правата на „Спортклуб“

Академија Пандев стана првиот македонски клуб кој ги продаде индивидуално ТВ правата на Спортклуб.

Шкендија и Академија Пандев го одбија колективниот договор со ФФМ, која телевизиските права од македонското првенство ги продава на „Арена Спорт“.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Клубот од Струмица стана прв македонски клуб кој самостојно ги продаде своите телевизиски права на една куќа.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона“, соопшти Академија Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…