Дома Актуелно Азар го обвини Мурињо за третманот кој го имал кон човекот кој сега ѕвезда во Премиер лигата

Азар го обвини Мурињо за третманот кој го имал кон човекот кој сега ѕвезда во Премиер лигата

0
hazard

Секако, вивновникот е кој друг ако не Жозе Мурињо.

Белгиецот Еден Азар го обвини Жозе Мурињо за третманот кој го имал кон Мохамед Салах во времето кога овој фудбалер го носеше дресот на Челзи.

Да потсетиме, Салах пристигна на „Стенфрод Бриџ“ во 2014 година, а две години подоцна Рома го откупи неговиот договор од „сините“. Азар сега е убеден дека Мурињо не му дал доволно доволно простор да покаже што знае.

„Штета што Салах не се задржа подолго во Челзи и што не доби вистинска прилика, можеби тоа беше така и поради тренерот. Салах е исклучително квалитетен фудбалер, но се сеќавам дека во тоа време во клубот бевме јас, Вилијан и Оскар и не му беше лесно да се наметне. Сигурно дека е топ фудбалер, тоа го видовме на тренинзите, но и на некои од натпреварите на кои настапи“, истакна Азар.


Следете го Sportski.mk и на


Салах во текот на летото премина од Рома во Ливерпул за сума од 50 милиони евра и веќе во првата сезона ја оправдува вложената сума. До овој момент постигна 14 погодоци во сите натпреварувања, додека во Премиер лигата беше стрелец на девет погодоци.

salah

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар откри зошто носи „десетка“ во Бразил, негова желба бил друг број

Звездата на Пари Сен Жермен, Бразилецот, Нејмар да Силва, откри дека никогаш не била негов…