Дома Трансфер зона Аднан Јанузај добива нова шанса во Премиер лигата?

Аднан Јанузај добива нова шанса во Премиер лигата?

Поранешниот белгиски репрезентативец Аднан Јанузај наскоро би требало да го дознае името на новиот клуб.

Откако ова лето го раскина неговиот договр со Реал Сосиедад, 27-годишниот играч со потекло од Косово е помалку заборавен. Сепак изгледа дека брзо ќе има нов клуб. Новинарот на „РМЦ Спорт“, Саша Таволиери објави дека тој би можел да биде замена за Ентони Гордон ако го напушти Евертон. Освен тоа интерес за него покажал и Лос Анџелес Галакси.

Се наведува дека челниците на англискиот клуб Бил Кенврајт и Фархад Мошири ги направиле првите контакти и сакаат да го доведат Јанузај.

Премиер лигата не е непозната дестинација за Јанузај, во минатото го носеше дресот на Манчестер Јунајтед каде што пристигна како тинејџер од Андерлехт. Подоцна играше на позајмица во Борусија Дортмунд, па се врати во Англија, псоледните пет години ги помина во Шпанија носејќи го дресот на Реал Сосиедад.

Инаку, Џанлука Ди Марцио објави дека Евертон во финишот од преодниот рок е заинтересиран и за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…