Дома Фудбал Англија Агуеро со емотивна порака се прости од Сити

Агуеро со емотивна порака се прости од Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Договорот на Агуеро истекува на лето и тој ќе си замине како слободен агент после 10 години поминати на „Етихад“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од клубот синоќа го потврдија заминувањето на најдобриот стрелец во историјата, а сега и Агуеро се обрати со соопштение.

„После 10 години поминати во Манчестер Сити кај мене преовладува чуството на задоволство и гордост. Во ова време толку долг престој на фудбалер во еден клуб е невообичаено. Постигнавме многу. Станав најдобар стрелец во историјата на клубот и почуствував специјална љубов кон сите во клубот“.

„Откако пристигнав во клубот, благодарение на сопствениците кои донесоа многу квалитетни фудбалери освоивме место меѓу најголемите клубови во светот. Сега одговорноста ја имаат другите фудбалери да продолжат на тоа ниво“.

„До крајот на сезоната јас ќе давам 100% од себе, а потоа ми претстои нова етапа во кариерата. Ќе продолжам да играм со иста страст и професионализам, за да бидам на највисоко ниво“, напиша Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзниот газда на Олимпијакос и Нотингем Форест обвинет за спортско насилство

Грчкиот суд го обвини претседателот на фудбалскиот клуб Олимпијакос Пиреус, Евангелос Мари…