Дома Фудбал Лига на шампиони Агуеро: Ако не го победиме Динамо Киев завршуваме со ЛШ за оваа сеозна

Агуеро: Ако не го победиме Динамо Киев завршуваме со ЛШ за оваа сеозна

Барселона утре ќе го пречека Динамо Киев во Лигата на шампионите и на Каталонците им треба победа за после двата порази да си ги задржат шансите за нокаут фаза во најелитното европско натпреварување.

Тимот на Куман за викендот одигра добар натпревар и ја победи Валенсија со 3:1, па во натпреварот со украинскиот претставник влегуваат со добра атмосфера. Во натпреварот со „лилјанците“ дебитираше Серхио Агуеро кој конечно се опорави од повредата и сега е спремен да и помогне на Барселона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мора да победиме, ако не го направиме тоа може да се каже дека завршуваме со ЛШ за оваа сезона. Знам дека ќе имаме поддршка од навивачите и тоа многу ќе ни помогне. Благодарен сум за реакциите за мојот прв настап, возбуден сум поради она што следува“, истакна Аргентинецот.

Каталонскиот тим е последен во групата откако запиша два порази по 3:0 од Баерн и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…