
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, денес го објави конечниот список на играчи за Светското првенство, а еден од фудбалерите на Барселона дури и заплака кога разбра дека и неговото име е на списокот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во репрезентацијата на Шпанија по подолга пауза се враќа и играчот од среден ред на Барселона, Гави, кој се мачеше претходните неколку сезони со тешка повреда на коленото, поради што одамна не играл за Црвената фурија.
Но, Гави се врати во полна сила и претходните неколку месеци беше редовен стартер во Барселона, што му ги отвори вратите за враќање во репрезентацијата и де ла Фуенте го вклучи на конечниот список.
Објавата на списокот, Гави ја следеше со неколку соиграчи од Барселона во теретана, а Ламин Јамал ја сними неговата реакција.
.🚨📲| Ламин на IG: Играчите на Барселона реагираат на повикот за Гави во Шпанската репрезентација за Светското првенство! 👏🥹 pic.twitter.com/NYwO1yLWxT— БарсаТајмс (@БарсаТајмс) 25 мај, 2026