Дома Фудбал Останато Агентот тврди: Диего беше сам и уморен, сакаше да умре

Агентот тврди: Диего беше сам и уморен, сакаше да умре

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона беше погребан денес во Буенос Аирес, а неговиот агент и пријател Стефано Чечи откри неверојатни детали.

Чечи откри дека Марадона бил многу несреќен и постојано бил сам.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Диего секогаш беше сам. Луѓето за него размислуваат само како Марадона. Диего престана да биде Диего кога наполни 17 години и тешко го носеше бремето на славна личност. Беше со ведар дух, со него имам 20 години прекрасни сеќавања“, истакна агентот, кој тврди дека Марадона во последно време повеќе не сакал да живее.

„Како да се предаде и физички и ментално. Мислам дека се умори и дека едноставно и се препушти на смртта. Никогаш не најде вистински мир поради семејниот хаос“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заборавениот Андре Гомеш има нов клуб!

Андре Гомеш го напушти Лил и кариерата ја продолжува во редовите на американскиот тим Колу…