Агентот на Антонио Рудигер имал средба со спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани и Жрди Кројф за да преговара за евентуален трансфер на дефанзивецот на „Камп Ноу“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тројцата имале состанок кој траел три часа во еден познат ресторан во Барселона во средата вечерта.
Како што е познато, договорот на Рудигер со Челзи истекува на крајот на сезоната, а во моментов тој дури и да сака не може да потпише нов договор со „сините“.




Барселона веќе го договори дефанзивецот на Челзи, Кристенсен, но покажува и сериозен интерес и за Рудигер.




Меѓутоа, конкуренцијата за Германецот е голема, бидејќи интерес за него покажуваат уште Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.