Дома Фудбал Италија Агентот на Донарума: Не сакаше да замине без обештетување, но виновен е Милан

Агентот на Донарума: Не сакаше да замине без обештетување, но виновен е Милан

Џанлуиџи Донарума денес за прв пат откако е во ПСЖ ќе игра против „својот“ Милан во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума е дете на Милан каде дебитираше на 16 години, но го навлече гневот на навивачите откако во 2020 година го напушти клубот без обештетување.

Сега неговиот агент Енцо Раиола, објасни дека Донарума не сакал да замине без обештетување и го обвини Милан за целата ситуација.

„Џиџо никогаш не сакаше да замине без пари од Милан. Само чекавме тимот да обезбеди пласман во ЛШ за да потпишеме нов договор. Меѓутоа, после последниот меч Малдини ни соопшти дека веќе го договориле Мањан. Ние бевме спремни да потпишеме нов договор, а Јувентус имаше спремено понуда за Џиџо“, изјави Енцо Раиола, брат на покојиот Мино Раиола.

„Немавме договорено ништо со никој клуб, планот беше Донарума да остане во Милан. Поради тоа Џиџо потоа не сакаше да оди во Јувентус без Милан да земе пари. Тогаш Мино му се јави на Леонардо и го понуди во ПСЖ“, додаде Енцо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…