Медиумите во Шпанија и пред три години објавија дека Ерик Абидал при трансплантацијата на црниот дроб истиот го купил на црно, а во тоа му помагал поранешниот прв човек на Барселона Сандро Росел.
Тогаш тие излегоа во јавноста и ги демантираа обвинувајќи дека се пишуваа лаги, а Абидал објаснуваше дека црниот дроб му го донирал роднина. Сега „Ел Конфендисијал“ објави дека после најновите анализи се покажало дека донаторот не бил роднина на Абидал, па така тој ја излажал јавноста.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Купувањето на црниот дроб според информациите го договорил Росел кој сега е во затвор поради перење на пари, а ако се докаже овој скандал казната сигурно ќе му биде продолжена.
Ќе потсетиме, Абидал во 2011 година дозна дека боледува од тумор на црниот дроб, а една година подоцна беше опериран и доби нов орган.