Дома Топ вести Роналдо е „ГАЗДА“: Бензема е НЕЗАМЕНЛИВ, за оваа „четворка“ нема место во тимот!

Роналдо е „ГАЗДА“: Бензема е НЕЗАМЕНЛИВ, за оваа „четворка“ нема место во тимот!

Неговата намера е јасна, но зошто има толкава моќ за нешто што не е поврзано со фудбалот…

Познато е дека омилен соиграч на Роналдо е Карим Бензема, човекот кој му наместил најмногу погодоци во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Шпанија и Англија пишуваат дека токму Португалецот ставил „вето“ на доведувањ

е замена за Мората и дека со тоа отпаднале три потенцијални засилувања на „кралевите“.

Првата мета била Ибрахимовиќ кого Реал сакаше да го доведе во јануари кога ќе се опорави, но Роналдо не бил воодушевен и претпоставувал дека ќе дојде дo конфликт помеѓу него и Швеѓанецот.

Втората мета е Левандовски кој се обиде да го испровоцира својот клуб Баерн да го продаде во Мадрид, но ниту тој не е по „мерка“ на Португалецот.

Исто така, Роналдо наводно е и против доведување на Едисон Кавани во јануари, причина за ваквиот негов став е бидејќи смета дкеа Бензема е неприкосновен и Реал треба да доведе напаѓач кој ќе прифати да биде негова резерва.

Покрај позицијата на Бензема, Роналдо е исто така и против доведување на Еден Азар бидејќи смета дека со тоа ќе биде загрозена минутажата на Иско и Асенсио.

Многумина се прашуваат дали навистина Роналдо може да има вакво влијание во клубот, но од Шпанија пишуваат дека не е само фудбалот во прашање туку и маркетингот, едноставно голем дел од приходите на Реал Мадрид се поврзани со Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…