Дома Фудбал Останато Роналдо блиску до уште еден голем рекорд, но сериозен конкурент му е Луис Суарез

Роналдо блиску до уште еден голем рекорд, но сериозен конкурент му е Луис Суарез

Кристијано Роналдо веќе собори бројни рекорди во Саудиска Арабија. Сега е на пат кон уште еден, но неговиот стар ривал од Барселона би можел да му го расипе славјето.

Со 26 гола, Роналдо во моментов е најдобриот стрелец во Саудиската про-лига и како што изгледа ќе биде најдобар на крајот од сезоната. Зад Роналдо е српскиот напаѓач Александар Митровиќ со четири помалку, но тој и се повреди во последниот настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку на крајот од сезоната е најдобар стрелец во лигата, Кристијано Роналдо ќе постави уште еден голем рекорд во светскиот фудбал.

Имено, Португалецот на тој начин би станал првиот играч кој бил најдобар стрелец во лигата во четири различни клубови во четири земји.

Со 31 гол во Манчестер Јунајтед беше најдобар стрелец во Премиер лигата во 2008 година, а потоа три пати беше „златната копачка“ на Примера во дресот на Реал Мадрид.

Во 2021 година беше најдобар стрелец во Серија А со 29 гола во дресот на Јувентус, а сега, три години подоцна, има шанса уште еднаш да го носи епитетот најдобар стрелец во една лига.

Сепак, Кристијано Роналдо не е единствениот кој брка сличен рекорд. Во трка за него е Луис Суарез кој моментално настапува за Интер Мајами.

Уругвајскиот напаѓач имашедобар почеток на сезоната во МЛС, постигнувајќи пет гола во седум настапи за тимот од Флорида.

Да потсетиме, Суарез во 2010 година беше најдобар стрелец во холандската Ередивизија во дресот на Ајакс, четири години подоцна во Премиер лигата во дресот на Ливерпул, па потоа во 2016 година и во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…