Дома Топ вести Реал продава 7 фудбалери за 200 милиони и го руши светскиот рекорд за…

Реал продава 7 фудбалери за 200 милиони и го руши светскиот рекорд за…

Во саботата Реал Мадрид стана првиот клуб во овој формат на натпреварувањето кој ја одбрани титулата во ЛШ, а веќе во понеделникот започнаа плановите за нов Реал следната сезона.

Веќе е познато кој е првиот фудбалер кој ќе го напушти најтрофејниот европски клуб, а во текот на летото би требало да се придружат уште шест играчи кои станаа прваци на Европа и за кои Реал ќе добие околку 200 милиони евра, пишува мадридскиот AS.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот дефанзивец, Пепе објави дека по десет години ќе си замине од Мадрид, незадоволен од управата на клубот која не му понуди нов двегодишен договор, туку само едногодишен. Кариерата најверојатно ќе ја продолжи во ПСЖ.

Следниот кој е на листата е Хамес Родригез, кој одлучи да си замине од Реал. Пристигна во Реал Мадрид во 2014. година како најголема ѕвезда од Светското првенство, но под водство на Зинедин Зидан не се наигра. Штета што таков играч седи на клупата, па одлучи да го промени клубот. Најверојатно ќе се приклучи во Манчестер Јунајтед, а Реал за него бара околку 70 милиони евра.

Исто толку треба да понуди и клубот кој го сака Алваро Мората, уште една резерва на Реал. И Мората исто како Хамес си заминува во потрага по поголема минутажа и улога.

Данило не го оправда рекорниот трансфер на Реал за еден дефанзивец и во Мадрид сакаат да се одлободат од него, а во Мадрид одлучија да го пуштат и Фабио Коентрао. Португалскиот лев бек си оди во Спортинг, а интересно е тоа што Реал и понатаму ќе покрива дури 90% од неговата плата.

Си заминува и Мариано, напаѓачот кој не доби прилика и нема повеќе време за чекање на него. Реал во неговиот трансфер ќе вклучи и клаузула, која ќе му овозможи да го врати.

Последниот на листата е Кејлор Навас, единствениот стандарден во првите 11 од оваа листа. Соблекувалната жестоко се бори за да го задржи, исто како и менаџерот, но претседателот, Флорентино Перез одлучи да го замени Давид Де Геа. Во неговиот случај шансите се 50-50 за заминвуање, се зголемија поради добрите настапи во винишот од сезоната и во финалето против Јуве.

Перез за нов мандат на навивачите им го поклонува Мбапе

Во Реал во јули се претседателските избори, Перез ќе остане претседател, но навивачите веќе се навикнаа на големи трансфери. Ниту ова лето нема да пројде без еден таков, бидејќи, како што пишуваат шпанските медиуми, ќе го донесат сензационалниот 18-годишен напаѓач, Килијан Мбапе за повеќе од 110 милиони евра во рекордниот транфер во истроијата.

Реал претходно го договори транферот на Тео Ернандез од Атлетико Мадрид за 24 милиони евра, а од позајмица се враќаат Маркос Љоренте и Исус Валехо.

Нови договори за Зидан и Иско

Добрата вест за навивачите на Реал е тоа што клубот наскоро ќе ги обнови договорите на Зидан и Иско. Договорите се веќе постигнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…