Дома Топ вести Перез на лето прави „галактички“ промени, најголемата жртва веќе е позната!

Перез на лето прави „галактички“ промени, најголемата жртва веќе е позната!

После неколку години, без оглед на тоа каков ќе биде исходот на сезоната, изгелда дека претседателот Перез е спремен да започне нова ера. Првата жртва веќе е позната?

„Кралевите“ наредното лето би можеле да доживеат големи промени. Судбината на Зидан не е познато, се зависи од резултатите и понатаму се споменува  Јоаким Лев како негов наследник, но и ако Французинот остане во тимот ќе бидат направени „галактички“ промени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено во Реал, сметаат дека 4-4-2 е формацијата во која тимот најдобро функционира, а Герет Бејл ќе биде продаден. Најверојатно, Велшанецот најдобрата понуда ќе ја добие од Манчестер Јунајтед, Перез се надева дека би можел да стигне до Де Геа, Куртоа исто така е мета, а како последна опција се споменува младиот Кеп од Атлетик Билбао.

Одрбаната и средниот ред во главно ќе останат исти, иако се споменува Одриозола од Реал Сосиедад (тоа зависи од здравствената состојба на Карвахал), најмногу промени ќе бидат направени во нападот.

Првата идеја беше доведување на Паоло Дибала од Јувентус, со што Роналдо би бил преместен на позицијата главен напаѓач, но на Португалецот оваа идеја не му се допаѓа, а и Јувентус тешко дека наредното лето ќе се откаже од „Ла Хоја“.

Поради тоа, Перез ќе бара класичен напаѓач, на листата се Кејн, Левандовски и Обамјенаг кој е трета опција. Најголеми шанси има Левандовски кој сака да замине, додека Тотенхем тешко дека би се одлучил да го продаде Хари Кејн.

Не е невозможно и Реал да се откаже од Роналдо иако оваа информација треба да се земе со скептицизам, бидејќи доаѓа од каталонските медиуми. Наводно ако продолжи Португалецот да бара покачување на платата заминување во МЛС лигата не е нереална опција, бидејќи тешко е да се верува дека некој европски тим во овој момент може да издвои огромна сума и да го доведе Роналдо. Во Јунајтед препрека е Мурињо, ПСЖ има други опции, останатите клубови не се заинтересирани.

Во секој случај, ќе пристигнат најмалку тројца или четворица, Бејл ќе биде најголемата „жртва“, а не е невозможно да биде продаден и Начо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…