Вчерашното „Ел Класико“ во кое Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 беше одбележано со еден спорен момент пред крајот на првото полувреме.
Голманот Андреј Лунин успеа да ја запре топката пред таа да дојде до мрежата, меѓутоа во Барселона се убедени дека таа со целиот свој обем ја поминала гол-линијата (ТУКА).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бурни се реакции во шпанската јавноста, меѓутоа телевизијата „Канал+“ објави фотографија со која сака да докаже дека судиите биле во право што не се огласиле.
Ќе потсетиме, Ла Лига на почетокот на сезоната одби да ја користи гол-технологијата за сигнализација на судиите, објаснувајќи дека 16-те камери кои го снимаат натпреварот се доволни.
🚨 JUST IN: Canal+ has CONFIRMED that the ball did NOT cross the line for Barcelona's shot. pic.twitter.com/tqSP0tV5qx
— Madrid Zone (@theMadridZone) April 21, 2024