Дома Фудбал Останато Монако не простува: Тужба против клубовите поради Мбапе!

Монако не простува: Тужба против клубовите поради Мбапе!

Францускиот шампион Монако одлучи да ги тужи клубовите кои испраќаа понуди за младиот напаѓач Килијан Мбапе.

Одличниот 18 годишен фудбалер ја воодушеви Европа со своите фантастични настапи минатата сезона, па скоро секој европски гигант се интересираше за младиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, очигледно некои и претераа. Поради тоа Монако одлучи да се жали до ФИФА и дa се обиде со тужба да спречи одредени клубови да го контактираат напаѓачот.

„За жал, „големите“ европски клубови го контктираа Мбапе без наша дозвола. Монако сака да ги потсети клубовите дека таквиот пристап е против членот 211 на ФИФА и е спротивно од правилото 18.3 кое се однесува за трансфери на играчи. Поради тоа клубот сериозно размислува да покрене дисциплинска постапка против клубовите кои го прекршија ова правило поради Мбапе“, стои во соопштението на францускиот клуб.

Од извори блиски на клубот, „Скај Спорт“ дознава дека оваа тужба најмногу се однесува за Манчестер Сити и ПСЖ. Покрај споменатите два клуба фантастичниот Мбапе добиваше понуди од Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…