Дома Фудбал Останато Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Наместо да го промовира детскиот спорт, фудбалскиот турнир во Златибор се претвори во инцидент од големи размери.

„Златибор куп“ e турнир на кој учествуваа момчиња родени меѓу 2010 и 2017 година, но се остана во сенка на големиот инцидент и тепачката меѓу родителите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што изјави за „Блиц“ мајката на едно од момчињата, проблемот го направиле родителите на децата од клубот „Стари аеродром од Подгорица“. Тие влегле во конфликт со Русите од клубот „Инеграл“ од Москва.

Работата да биде побизарна, се започнало кога рускиот тим поведе на овој дуел, а потоа родителите на момчињата од Подгорица почнале да ги удираат децата на рускиот тим со шишиња, па го нападнале и судијата на натпреварот.

Како резултат на тоа, 11-годишно момче завршило со повреди на главата здобиени за време на овој инцидент.

ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…