Дома Фудбал Репрезентации Може да биде најдобар репрезентативен стрелец: Сериозно му се приближува на рекордот од Пушкаш

Може да биде најдобар репрезентативен стрелец: Сериозно му се приближува на рекордот од Пушкаш

Португалскиот репрезентативец со 75 голови за националниот дрес има шанси да го сруши рекордот на унгарската легенда Ференц Пушкаш на листата на најдобри стрелци во европските репрезентации.

Кристиано Роналдо со голот во мрежата на Нов Зеланд на Купот на конфедерациите се изедначи со друга унгарска фудбалска легенда, Шандор Кочиш, и сега е на – 9 голови од рекордерот Пушкаш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пушкаш, исто како Роналдо, своевремено го носел клупскиот дрес на Реал Мадрид. Во периодот од 1945 до 1956 постигнал 84 голови за репрезентацијата на Унгарија.

Само во текот на овој месец Роналдо на 4 натпревари за Португалија во квалификациите за Светското првенство и на Купот на конфедерациите постигна 4 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…