Дома Топ вести Меси за Барселона, Роналдо и својата ноќна мора!

Меси за Барселона, Роналдо и својата ноќна мора!

Главна вест на денот која ја објавија шпанските медиуми е дека Меси останува во Баселона и постигнал договор за продолжување на соработката до 2022 година, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.

„Од секогаш сонував кариерата да ја завршам во Барселона“, изави Меси кој кога ќе му истече договорот ќе има полни 35 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси оваа сезона остана без титулата во Премера и Лига на шампиони, а со самото тоа и без „Златнта топка“, која најверојатно повторно ќе заврши во рацете на неговиот ривал Кристиано Роналдо.

„Сите се трудат да бидат најдобри, ништо повеќе. Јас не се замарам со приказни. Кристиано Роналдо е голем фудбалер кој има многу квалитети и секоја година ги надминува. Затоа е еден од најдобрите на светот“, заклучи Меси, кој потоа призна дека најмногу го болат поразите со Аргентина.

Меси играше две финалиња во Копа Америка, едно на Светското првенство и сите три ги загуби, па признава дека тоа му е ноќна мора.

„Три пати бевме многу блиску, но одлучуваа детали. Мислам дека во клучните моменти немавме среќа. Едно финале го загубивме на продолженија, а две на пенали. Таквите порази се многу болни, но така е во фудбалот. Не е лесно да се издигнеш после тоа, ние го направивме тоа два пати“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…