Дома Фудбал Останато Кејн: Среќен сум што го заменив дресот со Роналдо, тој е мојот идол!

Кејн: Среќен сум што го заменив дресот со Роналдо, тој е мојот идол!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн после натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид изјави дека има огромен респект за Кристиано Роналдо кој е и негов идол.

Хари Кејн игра во фантастична форма. На 11 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем постигна исто толку погодоци, а ја одведе и Англија на Светското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Против Реал Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите не постигна погодок (1:1), но беше најзаслужен што Рафаел Варан ја погоди сопствената мрежа. Англичанецот после натпреварот побара да го размени дресот со Кристиано Роналдо, а по натпреварот имаше и пофални зборови за Португалецот.

„Го замолив за дрес. Тој е мојот идол. Го гледав додека растев. Одлично е што го добив неговиот дрес“, изјави Кејн кој потоа зборуваше за настапот на неговиот клуб против „кралевите“.

„Во Мадрид имавме одлична вечер. Клубот, навивачите и ние можеме да бидеме горди. Одигравме нерешено, можевме и да победиме, сепак и ова е одличен резултат. Пред неколку години игравме во Лигата на Европа, а денес дојдовме на „Бернабеу“ и не загубивме“, заврши Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…