Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Доколку Роналдо беше во форма ќе постигнеше четири погодоци

Зидан: Доколку Роналдо беше во форма ќе постигнеше четири погодоци

zidan ronaldo

Фудбалерите на Реал го совладаа кипарски Апоел во првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, а тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан смета дека двојниот стрелец Кристиано Роналдо би направил и повеќе доколку бил во најдобра форма.

„Кралевите“ лесно се справија со Кипарците, а славниот Португалец стралаше во 12 и 51 минута од пенал. За Роналдо ова беше прв натпревар во дресот на Реал после паузата од еден месец, на која беше испратен поради туркање на судијата во натпреварот од Суперкупот на Шпанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот стигна до својот 106 и 107 гол во Лигата на шампионите, а постави и рекорд како фудбалер со најмногу успешно изведени пенали во најелитното европско натпреварување.

„Кристиано е најдобар на светот. Секогаш е тука да постигнува погодоци. Доколку денес беше во најдобра форма ќе постигнеше четири погодоци. Сите знаеме колкави се неговите можности. Среќни сме и поради тоа што не примивме погодок“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…