Дома Топ вести „Бомба“: Интер тргнува по Алексис Санчез

„Бомба“: Интер тргнува по Алексис Санчез

Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека милански Интер остварил контакт со Арсенал за Алексис Санчез.

Иднината на Алексис Санчез во Арсенал се уште е под знак прашалник бидејќи Чилеанецот нема ставено потпис на нов договор, а актуелниот му истекува следното лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Чилеанецот покажаа Баерн Минхен и Манчестер Сити, но последните информации говорат дека Баварците се откажале поради големите барања на играчот, а Арсенал не сака да го продаде Санчез на конкурент од Премиер лигата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер, кој во овој преоден рок сака да донесе една голема ѕвезда во нападот и смета дека Санчез би бил идеално засилување и како квалитетн и како име кое ќе ги задоволи навивачите.

Медиумите тврдатв дека „нероаѕурите“ веќе оствариле првичен контакт со Арсенал и нема да имаат проблем да ја платат сумата која ја бараат „топџиите“ (помеѓу 50 и 60 милиони евра), но проблем се високите барања на фудбалерот.

Имено, Санчез бара годишна плата од 12 милиони евра, а „нероаѕурите“ се спремни да му понудат најмногу 8 милиони по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…