Дома Фудбал Јунајтед и трет натпревар без победа во Лига Европа

Јунајтед и трет натпревар без победа во Лига Европа

Фенербахче и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 во Истанбул во Европската лига. „Црвените ѓаволи“ не забележаа победа во Лига Европа ниту во третиот обид. По ремито против Твенте и Порто бод освои и против Фенербахче играјќи 1:1.

Јунајтед поведе во 15. минута со голот на Кристијан Ериксен, но турскиот тим израмни во 49. минута со голот на Јусеф Ен-Несири.

Во 59. минута домашните побараа пенал по еден дуел на Угарте со Осаи-Самуел, но францускиот судија Турпин не покажа на белата точка, туку поради приговори го исклучи Жозе Мурињо на клупата на Фенер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар удри по Сити: Одземете им ги сите титули и исфрлете ги!

Во англиските медиуми се известува дека на Манчестер Сити им е утврдена вината за прекршув…