Дома Трансфер зона Јувентус она што му го направи на Ливерпул, сега му го прави на Арсенал

Јувентус она што му го направи на Ливерпул, сега му го прави на Арсенал

Играчот за врска на Арсенал, Арон Рамзи на крајот од сезоната многу веројатно ќе го напушти клубот како слободен играч.

На Велшанецот му истекува договорот со „топџиите“ на крајот на оваа сезона и не успеа да пронајде заеднички јазик со управата на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се шпекулираше дека Рамзи во јануари може да го напушти Арсенал за клубот да заработи од негово заминување, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Наводно Рамзи веќе е во преговори со Јувентус кој му соопштил дека ќе му даде договор, ако на лето прифати да се пресели во нивните редови како слободен играч.

Рамзи во Торино би требало да заработува околу 6.5 милиони евра.

Велшанецот би можел да добие осум милиони евра доколку го испочитува договорот и дојде без оштета, а 1.5 милион евра ќе добијат неговите претставници. Минатото лето Јуве на сличен начин го доведе Емре Чан од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…