Левиот бек на Атлетико Мадрид би можел да се пресели во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двата тима ќе ги одмерат силите во осминафиналето од ЛШ, а во меѓувреме Јувентус сака да го „украде“ Филипе Луис.
Имено, договорот на дефанзивецот истекува на крајот на сезоната, а „бјанконерите“ сакаат да потпишат преддоговор со играчот и да го донесат на лето како слободен агент.
Пред почетокот на сезоната Атлетико не го пушти Бразилецот во ПСЖ, бидејќи е многу важен играч во тимот на Симеоне. Меѓутоа, Филипе Луис се уште не постигна договор за продолжување на соработката и најверојатно ќе ја промени средината.
Јувентус сака да го донесе без обештетување 33-годишниот лев бек бидејќи на таа позиција го имаат само Алекс Сандро, па им треба алтернатива за Бразилецот.