Металург  ги дозна своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).

Својот коментар го даде Александар Јовиќ, тренерот на клубот од Автокоманда :

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се работи за тешка група во која повеќе екипи ќе атакуваат на првите две позиции, кои водат во следната плејоф-фаза. Како фаворити ги гледам екипите на Бјерингбро и на Спортинг Лисабон, но не помалку тешки ќе бидат и дуелите со преостанатите три екипи. Металург во оваа конкуренција ќе настапи со убедливо најмлад тим и секој освоен бод ќе биде и успех и задоволство. Се уште ја немаме комплетирано екипата, па, меѓу другото, и од тоа ќе зависи со какви амбиции ќе ја стартуваме групната фаза“, вели Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Лига 1 2025/26 – Кој ќе ја освои титулата?

Како што се приближува почетокот на Лига 1 2025/26, вниманието на љубителите на фудбалот п…