Дома Останати Тенис Јаник Синер со пресврт до четвртфинале на Ролан Гарос

Јаник Синер со пресврт до четвртфинале на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ победувајќи го Французинот Корентин Муте – 3:1 (2:6, 6:3, 6:2, 6:1).

Муте, моментално 79 играч на АТП листата, на стартот од мечот го изненади фаворизираниот Синер и убедливо го доби првиот сет со 6:2.

Италијанецот значително ја подобри играта и продолжи да доминира на теренот за сигурна и очекувана победа во осминафиналето.

Тоа беше нивната прва средба и траеше два часа и 44 минути.

Синер во четвртфиналето ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија, кој во три сета 7:6, 6:4, 7:6 беше подобар од Хуберт Хуркач од Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…