Дома Фудбал Јунајтед испадна на пенали од ФА Купот. Извлечени се и двојките за четвртфиналето

Јунајтед испадна на пенали од ФА Купот. Извлечени се и двојките за четвртфиналето

Фудбалерите на Фулам се квалификуваа во четвртфиналето на ФА Купот откако со подобро изведување пенали на Олд Трафорд го совладаа бранителот на титулата Манчестер Јунајтед со 4:3. Натпреварот заврши 1:1. Гостите поведоа во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Калвин Беси, а израмни Бруно Фернандес во 71. минута.

При изведувањето на пеналите, херој стана гостинскиот голман Бернд Лено кој ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуa Зиркзе. Првите три серии поминаа без промашување. За Јунајтед постигнаа Бруно Фернандес, Диого Далот и Каземиро, а на спротивната страна Раул Хименес, Сандер Берге и Вилијан. Во четвртата серија Лено го одбрани ударот на Линделоф, потоа Антони Робинсон постигна 4:3, а приказната ја заврши германскиот голман кој одбрани удар на Зиркзе.

Ждрепка за четвртфиналето:

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Веднаш по натпреварот меѓу Јунајтед и Фулам беше извршено и жребувањето за четвртфиналните двојки, кои се следни:

Фулам – Кристал Палас
Престон – Астон Вила
Борнмут – Манчестер Сити
Брајтон – Нотингем Форест / Ипсвич

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…