Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на Вимблдон за противничка ја доби Александра Круниќ од Србија.
Ова може да се оцени како тежок ждреб од причина што Круниќ во 2015 година играше и во 3. коло на главниот турнир. Круниќ има 24 години и се наоѓа на 99. место на ВТА листата.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Ѓорческа за која ова ќе биде прв настап на тревата на Вимблдон на новообјавената ранг листа на ВТА се наоѓа на 180 место.
Според програмата мечевите од 1.коло од квалификациите во женска конкуренција треба да почнат утре.