Судија Ентони Кели потврди дека Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн до окончувањето на жалбата во врска со укинувањето на визата и дека случајот сега е префрлен во Сојузниот суд на Австралија.
Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време, сабота наутро по локално време во Мелбурн, ќе оди на разговор со имиграционите власти и до тогаш нема да биде во притвор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По сослушувањето, Ѓоковиќ ќе биде однесен во притвор, се до новото сослушување кое е закажано за во недела.
На Ѓоковиќ втор пат му е укината визата, па случајот се префрла во Сојузниот суд на Австралија. Ова ги комплицира работите поради недостаток на време, бидејќи АО започнува во понеделник.