Новак Ѓоковиќ ја одржа првата прес-конференција пред почетокот на Австралија опен, турнир кој во кариерата го има освоено 10 пати.
Најдобриот тенисер на сите времиња ќе го започне своето натпреварување во Мелбурн против Нишеш Басавареди, Американец кој влезе во главната ждрепка со помош на вајлд-карта.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Победникот од тој дуел ќе оди кај подобриот од мечот меѓу Павел Котов од Русија и Хаиме Фариа од Португалија.
За почеток, тој зборуваше за самиот турнир.
-Тука сум 20 години, убава бројка, тука ги имав моите најголеми успеси. Таа година, 2005 година, беше првиот пат кога играв ГС, играв против Марат Сафин, а тој на крајот го освои турнирот. Верував дека можам да го освојам ГС, само три години подоцна бев на истата патека и ја освоив титулата. Вистинско задоволство е да се вратам овде“, изјави Ѓоковиќ.
„Задоволство е да го имам Мареј како тренер. Размислував за имињата што ги сакав покрај мене оваа година, сакав некој кој има освоено повеќе Грен слем, кој разбира како да освои Грен слем, кој го чувствува притисокот, кој знае какви се очекувањата. Беше изненаден кога му се јавив.
Мислам дека неговиот коефициент на интелигенција е одличен, заврши одлична работа по операцијата на колкот, се врати од Челинџер, покажа што значи да се биде шампион. Тој ме инспирираше мене и луѓето ширум светот. Тој играше против мене скоро 25 години, првиот пат кога игравме беше кога имавме само 12 години.
Тој ја знае мојата игра, моите слабости и моите силни страни. Неодамна се пензионираше, тренира, играше против овие момци кои се таму во моментов, знае што се случува на турнирот. Поминавме извесно време заедно на терен, ме мотивира, ме инспирира, комуникацијата ни е на одлично ниво, разговараме за се… Многу е професионален, навистина уживам во нашата соработка досега.“