Дома Топ вести Шпекулациите се погласни: Кавани на Сантиаго Бернабеу

Шпекулациите се погласни: Кавани на Сантиаго Бернабеу

Реал Мадрид сериозно размислува за ангажман на Едисон Кавани како замена за Кристиано Роналдо, тврдат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа информација денес ја лансираше весникот „АС“, кој тврди дека Уругваецот е спремен да се раздели со ПСЖ после пет сезони, а Реал Мадрид е негова прва опција.

Кавани е согласен да потпише договор на 2 или 3 години со оглед на фактот дека има 31 година и тоа се неговите последни години на највисоко ниво.

Од друга страна ова лето е последната можност за „светците“ добро да заработат на неговата продажба бидејќи неговиот договор истекува во 2020 година.

Наполи исто така е заинтересиран за Уругваецот, но проблем е неговата висока плата која наполитанците не можат да си ја дозволат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…