Светските медиуми јавуваат дека Новак Ѓоковиќ ги прекршил правилата со тоа што излегол на тенискиот терен во понеделникот.
Ѓоковиќ објави видео на Инстаграм на кое се гледа како тренира на отворено во Марбела. Размени удари со шпанскиот репрезентативец Карлос Гомес Ерера, партнерот на неговиот брат Марко во двојки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во Шпанија жестоко го нападнаа Ѓоковиќ бидејќи ги прекршил мерките, бидејќи таму се забранети тренинзи на отворено до 11-ти мај.
„Во теорија, спортските терени не може да бидат отворени до првата фаза на попуштање на мерките, а тренинзите мора да бидат индивидуални. Всушност, шпанската тениска федерација во своето соопштение објави дека никој не смее да тренира. Така нема дилема дека Ѓоковиќ ги прекрши правилата“, пишуваат шпанските медиуми.