Шпанските медиуми и инсајдери веќе извесно време пишуваат дека пензионираниот Војчех Шчесни повторно ќе се активира и ќе потпише за Барселона.
Каталонскиот клуб е во проблеми по повредата на Марк-Андре тер Штеген и има потреба од чувар на голот, а неодамна пензионираниот Полјак изгледа како добро решение.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шчесни се пензионираше пред еден месец, раскинувајќи го договорот со Јувентус со заедничка согласност. Иако е слободен играч, со оглед на тоа што имаше договор со торинскиот клуб за актуелната сезона пред нејзиниот раскин, Барселона ќе мора да преговара за обештетување за него, а тој потоа треба да премине во новиот клуб. Ако тоа се случи.
Три милиони евра за стопирање на пензијата?
„Мундо Депортиво“ пишува дека Полјакот и поставил услов на Барселона, односно ќе дојде само под услов да биде прв голман на клубот, а на клупата да се пресели Инаки Пена.
Шпанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот голман на Арсенал и Јувентус ќе потпише договор до крајот на јуни следната година и дека ќе добие плата од три милиони евра, со можни бонуси.
Веќе се закажани лекарските прегледи кои мора да ги помине пред да пристигне во Барса.