Дома Актуелно Шоу на Тричко: Постигна хет-трик и влезе во историјата на АЕК!

Шоу на Тричко: Постигна хет-трик и влезе во историјата на АЕК!

trickovski

Иван Тричковски одигра фантастичен натпревар во дресот на АЕК Ларанка и постигна три гола во победата од 5:0.

Македонскиот напаѓач беше супер расположен и доби најдобра оценка од сите фудбалери на теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тричко првиот погодок го постигна во 22-та минута, потоа погоди на пет минути пред крајот на првиот дел, за хет-трикот да го комплетира во 77-та минута.

Со овие три гола Тричковски влезе во историјата на АЕК како најдобар стрелец за овој тим во кипаскиот шампионот. Тој има 36 постигнати гола и го мина на листата Жоан Томас кој на своето конто имаше 35 постигнати погодоци.

Сепак, на Томас за вакво му беа потребни 158 натпревари, додека Тричковски до ваквиот учнок стигна за само 81 настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…