Поранешниот напаѓач на Њукасл и англиската репрезентација, Алан Ширер смета дека иднината на Маркус Рашфорд во ваков Манчестер Јунајтед не е блескава.
Жозе Мурињо игра дефанзивно, прв напаѓач во тимот му е Ромелу Лукаку кој игра многу добро, па Рашфорд иако е млад не игра на својата омилена позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа според мислењето на Ширер се одразува на неговите настапи.
„Промашувањето еден на еден со Де Геа после додавањето од Хари Кејн е показател дека играчот не ги користи своите прилики кога ќе се најде во таква ситуација. Од 126 настапи за Манчестер Јунајтед не сум сигурен колку пати е поставуван како напаѓач. Тоа е проблем со кој се соочува, но што може да направи во врска со тоа? Се уште е млад, но кога ситуација ќе се промени?“
„Додека Лукаку е физички спремен и здрав. Маркус нема да ја добие улогата на напаѓач на „Олд Трафорд“. Додека Мурињо е менаџер, во нападот сигурно нема да играат и двајцата“.
„Ако сака максимално да ги исполни своите амбиции и да стане познат како голем напаѓач мора нешто да се промени, во ваков Манчестер тоа нема да се случи“, пишува Ширер во својата колумна.