Дома Фудбал Репрезентации Шевченко: Македонија воопшто не е лоша репрезентација

Шевченко: Македонија воопшто не е лоша репрезентација

Легендарниот напаѓач на Милан Андриј Шевченко не ја потценува Македонија пред почетокот на Европското првенство каде што нашата селекција ќе игра во група со Украина.

Македонија со Украина ќе се сретне на 17. јуни во Букурешт, а во нашата група се уште Австрија и Холандија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сите репрезентации во групата се силни. Нормално дека Холандија е фаворит, но на Европско првенство нема лесен противник. Австрија, е добра, Македонија воопшто не е лоша, дури и ми се допаѓа. Никогаш не можете да очекувате нешто лесно на ЕП“.

Фаворитската улога ја препушти на Холандија.

„Холандија е одлична, а дополнителен плус за нив е што ќе играат дома пред свои навивачи. Не треба да не залажува тоа што Ван Дајк нема да игра, тие се репрезентација со многу квалитетни фудбалери“, изјави Шевченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…