Шпанскиот новинар Жерард Ромеро тврди дека играчот за врска на Барселона, Френки Де Јонг е блиску до преминување во Манчестер Јунајтед и дека трансферот може да се реализира до крајот на овој месец.
Де Јонг во Барселона пристигна пред три години за 86 милиони евра, а сега Ромеро тврди дека каталонскиот клуб ќе мора да го продаде поради финансиската ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Висината на оштетата која Манчестер Јунајтед би можел да ја плати е измеѓу 70 и 80 милиони евра, а шансите да дојде до овој трансфер се 95%. Се би можело да се заврши до крајот на мај“, порача Ромеро.
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг две години одлично соработуваше со Де Јонг во Ајакс. Во последните неколку месеци Де Јонг повеќе пати изјави дека е среќен во Барселона и дека е спремен да го продолжи договорот, но не е познато какви се плановите на Барселона.